„Hyundai“ сепак нема да започне сериско производство на концептот „N Vision 74“, ретрофутуристичко купе со водородно-електричен погон. Сепак, дел од неговиот дизајн ќе биде пренесен во новата „Elantra“.
Иако се шпекулираше дека овој модел би можел да добие сериска верзија, челниците на компанијата сега потврдија дека засега нема ништо од проектот.

„N Vision 74“ е инспириран од оригиналниот модел „Hyundai Pony“ и комбинира ретро дизајнерски елементи со модерна технологија. Интересно е што „Hyundai“ во развојот отишол многу подалеку отколку што првично се мислело...

Според Сајмон Лоузби, директорот на дизајнерскиот центар на компанијата, веќе бил изработен глинен модел на сериската верзија, вклучувајќи ги надворешноста и внатрешноста на автомобилот.

Сепак, пресудила финансиската пресметка. Лоузби објаснил дека очекуваниот број продадени примероци не бил доволен за да го оправда вложувањето, дури ни со потенцијалната корист што ваков автомобил би ја донел за имиџот на брендот.









