Поради него брзала од Вашингтон до Њујорк, а сега ја нема на трибините: Што се случило меѓу тенисерот и фудбалерката?

Точка

26/11/2026

12:05

517

Големина на фонт

а а а

Американскиот тенисер Бен Шелтон и фудбалерката Тринити Родман раскинале по речиси две години врска, пишува „Дејли мејл“. Како што наведува британскиот весник, честите патувања и неусогласените распореди сè повеќе им го отежнувале заедничкото поминување време.

Шелтон (24) и Родман (24) јавно ја потврдија својата врска во март 2025 година. Во месеците што следуваа, од трибините често меѓусебно се поддржуваа на натпреварите, а нивните доаѓања привлекуваа речиси исто толку внимание колку и нивните заеднички објави на социјалните мрежи.


Како што пишува „Дејли мејл“, парот голем дел од врската го поминал на далечина. Шелтон поради АТП-турнирите често патувал низ целиот свет, додека Родман имала обврски во „Вашингтон Спирит“ и во американската репрезентација.


Се случувало да организираат патување во последен момент за да стигнат на натпреварот на другиот, но со текот на времето им станувало сè потешко да ги усогласат обврските.


Британскиот весник наведува дека и по раскинувањето останале во добри односи, а за коментари биле контактирани претставниците на двајцата спортисти.


Од навестувањата на ТикТок до заедничките појавувања

Шелтон и Родман најпрво преку популарен тренд на ТикТок навестија дека се во врска, а набргу потоа и јавно ја потврдија својата љубовна врска.


Фудбалерката за време на Ју-Ес Опен неколкупати го бодрела Шелтон од неговата ложа. Во една прилика, веднаш по натпреварот во Вашингтон, тргнала кон Њујорк за да стигне на неговиот меч.


Од друга страна Шелтон неодамна бил забележан во „Медисон сквер гарден“ на натпреварот меѓу Њујорк Никс и Индијана Пејсерс. Во делот од трибините резервиран за познати личности, друштво му правела пријателката, актерката Инде Наварете.