[ВИДЕО] Џуд Белингем со еден потег по натпреварот ја воодушеви јавноста: „Каков џентлмен“

Точка

25/11/2026

16:46

1.184

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингем по натпреварот меѓу Реал Мадрид и ПСВ застанал пред новинарите, а неговиот потег кон една новинарка привлече големо внимание во јавноста. Англискиот фудбалер го прекинал новинарот кој ѝ упаднал во збор и инсистирал таа да го доврши своето прашање.

Голот со кој го воодушеви фудбалскиот свет

Реал Мадрид во вторникот во Лигата на шампионите го совлада ПСВ со убедливи 5:1, а Белингем постигна спектакуларен гол, кој и самиот го опиша како најдобар во досегашната кариера.

Англискиот репрезентативец ја прими топката на околу 25 метри од голот, ја смири со левата нога, а потоа ја подигна со десната и со надворешниот дел од копачката, со извонреден волеј, ја испрати во спротивниот агол. По таков гол, не е изненадувачки што Белингем беше меѓу најбараните соговорници по натпреварот.

Воодушеви со гестот кон новинарката

Новинарката на „BBC“, Елизабет Конвеј, го прашала Белингем за што размислувал во моментот кога шутирал.

„Искрено, и самиот бев малку изненаден. Знаев дека можам да ја смирам топката, но во такви ситуации обично барам слободен соиграч. Топката се одби совршено и си помислив – зошто да не шутирам? Беше убав гол, но и важен за тимот бидејќи ни овозможи да ја преземеме контролата врз натпреварот“, рекол Белингем.

Кога новинарката се обидела да постави уште едно прашање, друг новинар ѝ упаднал во збор. Белингем веднаш реагирал.

„Извинете, таа има уште едно прашање“, рекол тој и со гест ѝ дал до знаење на новинарката дека може да продолжи.

На прашањето дали смета дека моментално е во животна форма, англискиот фудбалер одговорил:

„Фокусиран сум само на следниот натпревар. Мислам дека си добар онолку колку што ќе покажеш на следниот настап. Она што било претходно веќе не е толку важно. Сето ова е убаво и уживам во разговорот со вас, но сега морам да се посветам на подготовките за следниот натпревар“.

Новинарката Конвеј подоцна на социјалните мрежи ја споделила снимката од разговорот со коментар: „Џуд чека да завршам со моите прашања“.


Гестот на Белингем воодушеви бројни корисници на социјалните мрежи, особено неговите обожавателки.

„Каде има уште вакви мажи?“, „Каков џентлмен“, „Се заљубив“, се нижеа коментарите под снимката.