Гвардиола за преземањето на Италија: Доаѓа момент кога мора да здивнете

Точка

25/11/2026

17:07

650

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола, еден од најдобрите тренери во светот, откри зошто ја одбил понудата на Фудбалскиот сојуз на Италија. Паоло Малдини и Леонардо преговарале со шпанскиот тренер, но тој на крајот одлучил дека му е потребен одмор.

На крајот, „аѕурите“ ги презеде Роберто Манчини.


„Ова е првпат да зборувам за тоа … Да, вистина е, разговарав со нив. И ми беше многу непријатно да ѝ кажам ’не‘ на Италија — земја со таква фудбалска традиција. Тоа ќе беше една од најголемите почести во мојата кариера, но сфатив дека морам да запрам. Да ме повикаа две години порано, веројатно ќе кажев ’да‘“, изјави Гвардиола.


Тој рече дека по 18 години тренерска работа дошло до заситување.


„Прифатив да разговарам само затоа што ме повикаа Паоло Малдини и Леонардо, луѓе што исклучително ги ценам и ги сакам. Како што кажав, дојде момент кога морав да направам пауза. Тоа е единствената причина. Сакав малку време за себе. По 18 години тренерска работа, со натпревари на секои три дена, недела по недела, доаѓа момент кога мора да здивнете“, изјави Гвардиола.