Во Газа е прогласена епидемиска тревога по растот на случаите на менингитис

Точка

24/11/2026

14:00

76

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство во Газа на 24 ноември прогласи епидемиска тревога во сите области на Појасот Газа. Во октомври биле евидентирани 272 случаи на менингитис.

На прес-конференција, здравствениот функционер Нидал Ганим соопшти дека вообичаено се регистрираат 30 до 50 случаи месечно. Министерството евидентирало 15 смртни случаи од почетокот на годината, од кои пет во август, септември и октомври, пренесе Наба Палестина 24.

Влезот во одделот за итна помош на болницата „Ал Акса“ во Деир ал Балах, архивска фотографија од 2024 година.

Влезот во одделот за итна помош на болницата „Ал Акса“ во Деир ал Балах, архивска фотографија од 2024 година. Фото: Jaber Jehad Badwan · CC BY-SA 4.0
Кавер: Ashraf Amra / UNRWA · CC BY-SA 3.0 IGO

Здравствени извори за ВАФА наведоа дека во октомври биле евидентирани 108 случаи на бактериски менингитис, а од почетокот на ноември уште 100. Вообичаено, според истите извори, се бележат 10 до 20 случаи на бактериски менингитис месечно.

Министерството го поврзува растот на случаите со оштетената водоводна и канализациска инфраструктура и пренатрупаните засолништа. Здравствените власти побарале од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ да помогнат со итен одговор.