Засилени контроли во Бутел, се проверуваат доградби и тераси, се казнува непрописно паркирање

Макфакс

23/11/2026

14:20

101

Големина на фонт

а а а

Во општина Бутел се спроведуваат засилени инспекциски и сообраќајни контроли. Се проверуваат доградбите, терасите и се казнува непрописно паркирање, со цел почитување на законските прописи и безбедноста на сообраќајот.

Во општина Бутел денеска се спроведуваат засилени инспекциски и сообраќајни контроли во координација со инспекциските служби на Град Скопје и со Министерството за внатрешни работи, соопшти Општината.

Под инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постои сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Инспекторите ја проверуваат градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, како и дозволите за поставување и користење тераси.

Паралелно се спроведуваат и сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за возила непрописно паркирани на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини.

Од Општина Бутел најавија дека засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период.