Шилегов: Немаше никаква сообраќајна незгода, возилото заглави во калта, ќе ве изеде љубомората

Макфакс

24/11/2026

08:40

309

Големина на фонт

а а а

Петре Шилегов ги демантираше наводите за сообраќајна незгода, објаснувајќи дека неговото возило заглавило во калта на раскопаните тротоари во Скопје и беше извлечено од таму.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов се огласи на социјалните мрежи, откако се појави веста дека имал сообраќајна незгода.

Ексградоначалникот појасни дека немало никаква сообраќајна несреќа, туку дека возилото заглавило во калта на раскопаните тротоари и морало да биде извлечено.