Над 200 гости и повеќе од 15 говорници на Првиот форум за енергетска дипломатија во Скопје

Макфакс

24/11/2026

09:00

112

Големина на фонт

а а а

Во Скопје на 25 ноември 2026 ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија, со учество на над 200 гости и повеќе од 15 говорници, со фокус на обновливи извори, женско лидерство и регионална соработка во енергетиката.

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“, на кој ќе присуствуваат над 200 домашни и странски гости, а ќе учествуваат повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори.

Форумот е во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а ќе го отвори министерката Сања Божиновска.

Во фокусот на Форумот ќе бидат енергетската безбедност, обновливите извори на енергија, зелено финансирање, регионалната соработка и женското лидерство во енергетскиот сектор, соопшти Министерството за енергетика.

Целосната агенда на Форумот е достапна на официјалната веб-страница.