Мапата на прашината во остатокот од суперновата Касиопеја А укажува дека слоеви во ѕвездата се измешале непосредно пред експлозијата.
Астрономите што ја проучуваат Касиопеја А, остаток од експлозија на масивна ѕвезда, пронајдоа траги дека нејзините внатрешни слоеви се измешале непосредно пред експлозијата. Тимот предводен од Теа Темим од Универзитетот Колумбија го извлекол овој заклучок од составот на прашината што ја набљудувал телескопот „Џејмс Веб“, соопшти Европската вселенска агенција.

Касиопеја А на снимки од телескопите „Спицер“ и „Џејмс Веб“. NASA, ESA, CSA, JPL-Caltech, T. Temim (Columbia University), R. Arendt (UMBC), D. Milisavljevic (Purdue University). Image Processing: A. Pagan (STScI). · CC BY 4.0
Научниците го споредиле составот на одделни облаци од прашина и гас. Во еден од нив преовладувал силициум диоксид, а во друг јаглерод. Според тимот, распоредот на материјалот низ остатокот укажува на мешање на слоевите во последните часови пред колапсот на ѕвездата.
Касиопеја А, архивско видео од 2023 година. ESA/Webb
Мапирањето на прашината може да помогне да се утврди колкав дел од неа ги преживува ударните бранови по експлозијата и завршува во просторот меѓу ѕвездите.
Фото на каверот: NASA, ESA, CSA, T. Temim (Columbia University), R. Arendt (UMBC), D. Milisavljevic (Purdue University). Image Processing: J. DePasquale (STScI). · CC BY 4.0












