Мексико и Кина договорија работна група за зголемување на мексиканскиот извоз

Точка

23/11/2026

18:20

94

Големина на фонт

а а а

Мексико и Кина ќе формираат работна група за економска соработка. Една од задачите ќе биде да се најдат начини за поголем извоз на мексикански производи на кинескиот пазар.

Договорот е постигнат во Пекинг на средбата на мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. Мексиканското Министерство за економија соопшти дека групата ќе работи на билатералните економски приоритети, пренесува Ројтерс.

Клаудија Шејнбаум, архивска фотографија од 2024 година. Фото: ENEAS / Wikimedia Commons (CC BY 4.0)

Ебрард посочи дека Кина годинава се очекува да извезе стоки во Мексико во вредност од над 130 милијарди долари. Мексиканскиот извоз во Кина се проценува на околу 10 милијарди долари.

Мексико побара побрзо усогласување на санитарните протоколи за извоз на говедско и свинско месо, авокадо, лимети, сорго и преработени морски производи. Средбата следуваше по разговорите меѓу Клаудија Шејнбаум и Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК.

Фото на каверот: Eneas de Troya / Wikimedia Commons (CC BY 2.0)