Билгаип Кочиште – Биге одбележува 30 години творештво со изложба во Чифте амам

Точка

23/11/2026

18:15

91

Големина на фонт

а а а

Јубилејната изложба на уметникот се отвора на 24 ноември во Чифте амам, во рамки на ноемвриската програма на Националната галерија.

Во вторник, 24 ноември, во Чифте амам во Скопје ќе се отвори изложбата „Јубилеј 30 години“ на Билгаип Кочиште – Биге, објави МКД.мк.

Чифте амам во Старата скопска чаршија

Чифте амам во Старата скопска чаршија, архивска фотографија. Tamara Saveska / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0

Во освртот за неговото творештво, Елена Георгиевска Ивановска посочува дека Кочиште во своите дела се движи меѓу фигуративното и апстрактното. Во неговото истражување на бојата се среќаваат и пригушени земјени тонови и силни, живи бои.

Јубилејната поставка е дел од програмата на Националната галерија за ноември и декември.

Фото на каверот: Tamara Saveska / Wikimedia Commons · CC BY-SA 3.0