Напаѓачот на Баерн и англиската репрезентација, Хари Кејн, зборуваше за својот фудбалски пример Карим Бензема, истакнувајќи дека во играта на некогашниот ас на Реал Мадрид препознава многу сличности со сопствениот стил.
Англичанецот не криеше колку го цени францускиот напаѓач, кој во текот на кариерата остави длабока трага во мадридскиот клуб и ја освои Златната топка во 2022 година.
„Карим е неверојатен играч. Отсекогаш многу сум му се восхитувал“, изјави Кејн во разговор за „Foot Mercato“.

Напаѓачот на Баерн особено ја истакна способноста на Бензема да се повлече во средниот ред, да учествува во организацијата на играта и да дејствува речиси како класична „десетка“, а истовремено во вистинскиот момент да влезе во шеснаесетникот и да пронајде можност за гол.
Кејн смета дека токму во тој дел од играта двајцата имаат многу заедничко.

„Имаме донекаде различни физички карактеристики, но кога станува збор за разбирањето на фудбалот, пронаоѓањето на вистинскиот простор и желбата да им помогнеме на соиграчите, јасно гледам многу сличности во нашата игра“, објасни англискиот напаѓач.
Додаде дека двајцата покажале оти напаѓачот не мора постојано да биде во шеснаесетникот за да постигнува голови. Како најдобар пример го наведе сопствениот ефект во Баерн, за кој минатата сезона постигнал 61 гол на 51 натпревар во сите натпреварувања.









