„Роналдо заслужи проштален натпревар како Меси“

Точка

20/11/2026

14:51

213

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо, по сè што се случуваше, одлучи да ја заврши репрезентативната кариера и да стави крај на сите шпекулации.

За ситуацијата да биде уште почудна, на прославениот напаѓач, барем засега, не му е организиран ниту проштален натпревар на кој навивачите би имале можност да го поздрават. За тоа, меѓу другите, зборуваше и дефанзивецот на Фиорентина, Жоао Марио.


Повремениот репрезентативец истакна дека Португалија има доволно квалитетни фудбалери за да започне ново поглавје, но дека начинот на кој Роналдо бил испратен не бил достоен за неговиот придонес во репрезентацијата.


„Ќе почнеме одново, потпирајќи се на бројните таленти со кои, за среќа, располагаме во изобилство. Сепак, разочарувачки е да се види дека Кристијано не беше испратен и испочитуван на начинот на кој Аргентина го испрати Меси. Тешко ми беше да го гледам тоа, Роналдо заслужи проштален натпревар. Се надевам дека тоа ќе се случи, бидејќи тој е еден од најголемите фудбалери во историјата на овој спорт“, истакна Португалецот, а потоа додаде:


„Играв со него и паметам дека многу убаво ме прифати. Роналдо е и човек достоен за почит“, изјави Марио во разговор за „Tuttosport“.