Земјотрес со магнитуда 5,1 ја погоди Калифорнија: Епицентарот близу Соледад

Точка

20/11/2026

15:20

138

Големина на фонт

а а а

Потресот е регистриран во четврток навечер по локално време, на длабочина од 6,7 километри.

Земјотрес со магнитуда 5,1 е регистриран близу Соледад во централна Калифорнија, покажуваат податоците на американската геолошка служба, објавени преку сеизмолошкиот центар на Калтек.

Потресот се случил на 19 ноември во 22:49 часот по локално време, односно на 20 ноември во 07:49 по скопско време.

КАЛИФОРНИЈА

Патна ознака кај Соледад — архивска фотографија од 2008 година. Фото: Mona Eshaiker / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0.

Епицентарот бил на околу 21 километар северо-североисточно од Соледад, на длабочина од 6,7 километри. Извештајот е прегледан од сеизмолог.

Првичната процена за магнитудата била 5,4, а потоа била намалена на 5,1, пренесе Ројтерс. Според Фокс локал, во првичните информации немало пријави за повредени или значителна штета.