Изложбата „Библиски теми“ се отвора денеска во Палатата на кнезовите на Трансилванија. Деведесет и три дела го носат потписот на Салвадор Дали.
Дела на Салвадор Дали, Марк Шагал и Џорџо де Кирико се дел од изложбата „Библиски теми“, која се отвора на 20 ноември во Алба Јулија, Романија. Почетокот е закажан за 17 часот по локално време во Палатата на кнезовите на Трансилванија, според соопштението на музејот објавено од Агерпрес.
Поставката содржи 127 дела од приватната колекција „Кесаури“ од Франција, од кои 93 го носат потписот на Дали. Меѓу нив е серијата „Патерностер“, инспирирана од молитвата „Оче наш“.

Палатата на кнезовите во Алба Јулија, архивска фотографија. Фото: Oguszt / Wikimedia Commons (извор, CC BY-SA 3.0). Кавер: Țetcu Mircea Rareș / Wikimedia Commons (извор, CC BY-SA 4.0).
Шагал е застапен со 12 литографии од циклусот за дванаесетте племиња на Израел, а Де Кирико со литографии посветени на Откровението на Свети Јован. Изложбата претходно била претставена во Летонија, Словачка, Литванија и Полска.








