Оштетена холандската амбасада во Киев: Персоналот е неповреден, се истражува падот на проектилот

Точка

19/11/2026

16:35

261

Големина на фонт

а а а

Проектил паднал зад зградата на амбасадата и предизвикал мала штета. Холандските власти ги истражуваат околностите на инцидентот.

Холандската амбасада во Киев претрпела мала штета, но никој од персоналот не е повреден, потврди министерот за надворешни работи на Холандија Том Берендсен по денешниот инцидент во украинскиот главен град.

Според неговата изјава што ја пренесува холандскиот јавен сервис НОС, проектил паднал во просторот зад зградата. Министерството испитува што точно се случило, а приоритет е состојбата на вработените.

КИЕВ

Зградата на холандската амбасада во Киев — архивска фотографија од 2009 година, пред денешниот инцидент. Фото: Vincent de Groot — videgro.net, CC BY-SA 4.0.

Не е утврдено дали амбасадата била цел

„Киев индепендент“ известува дека во близина паднал руски дрон, при што биле оштетени автомобили и обезбедувачки пункт, а биле скршени и прозорци.

Медиумот наведува дека засега не е јасно дали дронот ја таргетирал околината на амбасадата или бил соборен. Нема потврда дека дипломатското претставништво било намерно нападнато.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха исто така ја потврди штетата и отсуството на повредени, пренесе „Гардијан“. Тој го осуди оштетувањето на дипломатската мисија во руските напади врз Киев.