Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуванот амбасадор на Саудиска Арабија

Макфакс

19/11/2026

17:00

105

Големина на фонт

а а а

Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваниот амбасадор на Саудиска Арабија, потенцирајќи можности за развој на меѓусебната соработка во области како енергетика, туризам и бизнис, и отворање на резидентна амбасада во Ријад.

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Саудиска Арабија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од Турки бин Ибрахим Ал-Мади, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана.

Во одлуката за отворање на прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи.

Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата.

Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.

Обајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области.

За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.

За неа, исто така, можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.

Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027–2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.

Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи.