Денешната кампања ја поврзува достапноста на безбедни тоалети со здравјето, достоинството и еднаквите можности на жените и девојчињата.
Околу 3,4 милијарди луѓе во светот сè уште живеат без пристап до безбедни санитарни услови, потсетуваат Обединетите нации по повод Светскиот ден на тоалетот, кој се одбележува денеска, 19 ноември.
Годинешната кампања, под пораката „Безбедни тоалети. Еднаква иднина“, ја нагласува врската меѓу санитарните услуги и родовата еднаквост.

Според податоците објавени од ОН за кампањата, засновани на процените на СЗО и УНИЦЕФ од 2025 година, уште 1,7 милијарди луѓе немаат место за миење раце со сапун и вода во својот дом.
Во денешната порака, генералниот секретар Антонио Гутереш предупредува дека небезбедните или недостапни тоалети ги ограничуваат образованието, работата и учеството на жените и девојчињата во јавниот живот.
Жените и девојчињата треба да учествуваат во планирањето и управувањето со санитарните услуги, порачуваат ОН.
Видеото е дел од официјалната кампања на UN-Water за 2026 година.












