Уште два дена за ракописите за новите учебници за деветто одделение

Точка

18/11/2026

17:15

90

Големина на фонт

а а а

Конкурсот на Педагошката служба опфаќа единаесет наставни предмети. Издавачите треба да достават печатени примероци и електронска верзија до 20 ноември.

До 20 ноември 2026 година трае рокот за доставување ракописи на конкурсот за учебници за деветто одделение што го спроведува Министерството за образование и наука – Педагошка служба. Повикот е веќе отворен, а за пријавување остануваат уште два дена.

Се прибираат понуди за македонски, албански, турски, српски и босански јазик, како и за математика, биологија, хемија, физика, географија и граѓанско образование.

Илустративна фотографија
Илустративна фотографија / Фото: Aaron Burden / StockSnap, CC0

Конкурсот е јавен и анонимен. Издавач може да учествува со еден ракопис за еден наставен предмет. Материјалот мора да биде ликовно и графички разработен и јазично уреден.

Се доставуваат пет печатени примероци и една електронска верзија на ЦД или УСБ. Понудите се испраќаат препорачано по пошта или се предаваат во писарницата на Педагошката служба, на улица „Св. Кирил и Методиј“ број 54 во Скопје.

Потребната документација и начинот на означување на затворениот пакет се наведени во конкурсот на Педагошката служба. Задоцнетите понуди и ракописите што не ги исполнуваат условите ќе бидат отфрлени.