Шестмина возачи уапсени за безобѕирно управување возило, тројца возеле со активна забрана

Макфакс

18/11/2026

12:50

119

Големина на фонт

а а а

Шест лица се приведени низ Македонија поради сомнение за безобѕирно управување со возила, меѓу кои тројца возеле со активна забрана, додека други управувале возила под дејство на алкохол или без возачки испит.

Шест лица се приведени во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од нив, тројца управувале патнички возила и покрај активна забрана за управување моторно возило. Станува збор за С.С. (35) од Кичево, Ш.Ф. (58) од селото Чичево, Општина Градско, и М.П. (42) од селото Стајковци, Скопско.

Двајца возачи биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, и тоа Б.С. (40) од Прилеп и Т.Л. (74) од Радовиш.

Без положен возачки испит управувал возило Е.Р. (30) од селото Морани, Општина Студеничани.

По целосното документирање на случаите, против шестмината ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.