Утре топло време и силен ветер со брзина над 80 километри на час, од сабота заладување, најавува УХМР

Макфакс

17/11/2026

16:50

65

Големина на фонт

а а а

Прогнозите на УХМР најавуваат променливо облачно и топло време утре со силен ветер кој ќе достигнува брзина над 80 километри на час, особено во западните делови, а од сабота се очекува значително заладување.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а на места во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а на места во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.