Во Скопје се случи несреќа кога паркирано возило „мерцедес“ се придвижило и удрило во струмичанец и во друго возило, со што човекот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болница.
Синоќа околу 20:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„5 Ноември“ во Струмица, 35-годишниот Џ.Ш. од Струмица се здобил со тешки телесни повреди од удар од патничко возило.
Имено, тој ги паркирал двете патнички возила „пежо“ и „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки на улицата едно позади друго.
Притоа, Џ.Ш. не ги преземал сите потребни мерки за безбедно паркирање и возилото „мерцедес“ само се придвижило и удрило во него и во возилото „пежо“, кое било прво паркирано.
Веднаш по несреќата, Џ.Ш. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.








