СВР Тетово поднесе кривична пријава против маж од с.Глумово, скопско, поради сомнеж за измама и фалсификување на исправа при купопродажба на патничко возило вредно над 800.000 денари во Тетовско.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од с.Глумово, скопско.
Тој според полицијата се сомничи за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување на исправа“.
Имено, во текот на април 2026, пријавениот довел во заблуда и измамил лице од тетовско село при купопродажба на патничко возило „ландровер“ за сума од 830.250 денари, односно како доказ за извршена уплата доставил фалсификуван платен налог.








