СДСМ бара одговор од Савески: Што е преземено по кривичната пријава за Алта банка?

Макфакс

18/11/2026

12:30

62

Големина на фонт

а а а

СДСМ бара одговор од обвинителот Савески за конкретните дејствија преземени по кривичната пријава за „Алта банка“, потенцирајќи ја загриженоста за банкарскиот систем во Македонија и забавениот правен процес.

Помина една недела откако СДСМ поднесе кривична пријава во случајот со „Алта банка“ против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица, а Обвинителството сè уште не соопштило дали постапило по пријавата, изјави денеска портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска.

На прес-конференција, таа побара одговор од обвинителот Ненад Савески за тоа дали се преземени конкретни дејствија и дали се обезбедени документите и трансакциите поврзани со влезот на „Алта банка“ во Македонија.

„Дали се обезбедени документите кои ги потпишал Славески и дал согласност за влез на Алта банка по налог на Мицкоски?

Дали ги побарал трансакциите?

Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ за нивната улога?

Народот не може да дојде до своите пари, загрозен е банкарскиот систем затоа што Мицкоски и Славески ја внесоа криминалната Алта банка во Македонија.

Последните информации од Србија се дека е одземена и дозволата за работа на Алта лизинг, заради стабилност на финансискиот систем.

Во Србија има истрага, приведен е сопственикот, банката е во стечај, се истражувата 400 милиони евра.

А во Македонија Обвинителството не презема ништо.

Дали им се купува време на Мицкоски и Славески да се спасат и да го заташкаат скандалот?

Улогата на Мицкоски и Славески е клучна, затоа што тие ја донеса пералницата на пари на Вучиќ – во Македонија.

Славески јавно кажа дека се консултирал со Мицкоски, иако Народна банка треба да е независна.

Мицкоски лажеше на надзорната расправа во Собранието во обид да префрли вината врз СДСМ. Му наредни на Трајко Славески да понесе и кривични пријави против СДСМ.

Тие што го создадоа овој проблем, со тоа ја донесоа Алта банка. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега тие што се виновни за Алта банка преговараат за нејзина продажба на берза.

Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Тоа значи дека Мицкоски и Славески планираат да ја обезвреднет само за да ги прикријат сметките и трансакциите.

Моделот е прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.

На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Тоа е нивниот стандарден модел.

Савески треба да знае дека времето одминува.

Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.

Одговорност за Алта банка ќе има. Бандата ќе одговара“, рече Кузеска.