Трамп пристигна во Кина, утре историска средба со Ши Џинпинг и Путин

Макфакс

18/11/2026

10:20

115

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Кина за историска средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи на 19 ноември во Шенжен на маргините од самитот на АПЕК.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во кинескиот град Шенжен, во пресрет на утрешната историска средба со кинескиот претседател Ши Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин.

Авионот „Ер форс уан“, за кој се верува дека го превезувал Трамп, бил фотографиран додека се приближувал кон меѓународниот аеродром Шенжен Баоан.

Средбата на тројцата лидери е закажана за утре, 19 ноември, во Кина, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).