Карни му одговори на Путин: Санкциите се сосема реални и имаат моќен ефект

Макфакс

18/11/2026

10:20

122

Големина на фонт

а а а

Канадскиот премиер Марк Карни одговори на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за економските санкции, истакнувајќи дека санкциите се реални и имаат значително влијание во контекст на војната.

Канадскиот премиер Марк Карни го отфрли тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека економските санкции станале бескорисни. Претходно, на еден самит, Путин изјави дека „традиционалните алатки за економска доминација и де факто принуда во голема мера го исцрпиле својот потенцијал и ја изгубиле поголемиот дел од својата моќ за заплашување“.

Одговарајќи на ова за време на прес-конференција на отворено, Карни рече: „Г-дин Путин може да ги праша своите финансиски институции, своите пријатели олигарси или своите хокеари дали санкциите се минато. Мислам дека ќе сфати оти тие се многу реални и имаат моќно влијание“ – додека во позадина се собираа темни облаци.

„Ова не е првпат Владимир Путин да излаже за реалната состојба на теренот. Санкциите се многу реални и ќе продолжат да се засилуваат сè додека трае оваа војна“, заклучи тој.