Дали е ова најнеобичната населба во Европа? Секој жител си уредува свое „зелено островче“ околу куќата

Точка

17/11/2026

17:31

804

Големина на фонт

а а а

Во данската населба Нерум, недалеку од Копенхаген, се наоѓа еден од најнеобичните примери на пејзажна архитектура во Европа.

Градините таму не се распоредени во правилни редови, туку се обликувани како големи „кругови“, одделени едни од други со жива ограда. Гледан од воздух, целиот комплекс изгледа како низа „зелени островчиња“.


Сопствениците имаат своја приватност

Станува збор за градини што во 1948 година ги осмислил данскиот архитект Карл Теодор Соренсен (1893 – 1979). Неговиот проект предвидувал 44 кружни парцели, пренесува „Večernji list“.

Секоја парцела е опкружена со сопствена жива ограда, која им обезбедува приватност на сопствениците, додека тревните површини меѓу градините се наменети за заедничко користење.

На своите парцели сопствениците можат да одгледуваат зеленчук, овошје и цвеќе, како и да го уредат просторот по сопствен вкус.


Заштитено културно добро

Вредноста на проектот добила и официјално признание: во 1991 година комплексот бил прогласен за заштитено културно добро. Градините се зачувани до денес и привлекуваат љубители на архитектурата и пејзажното уредување.

Соренсен бил еден од најзначајните дански пејзажни архитекти на 20 век, познат по експериментите со геометриски форми и по истражувањето на односот меѓу природата и просторот.

Градините во Нерум остануваат еден од неговите најпрепознатливи проекти.