Голем пожар во една од најголемите руски рафинерии

Макфакс

17/11/2026

08:00

118

Големина на фонт

а а а

Во голем пожар во рафинерискиот и петрохемиски комплекс Гаспром нефтехим Салават во Башкортостан избувна по наводен напад со украински беспилотни летала. Комплексот е еден од најголемите во Русија и може да преработи до 10 милиони тони нафта и гасен кондензат годишно.

Голем пожар избувна во текот на ноќта во вторникот во рафинерискиот и петрохемиски комплекс „Гаспром нефтехим Салават“ во руската република Башкортостан, по наводниот напад со украински беспилотни летала, пишува „Киев индепендент“.

Украинските канали на „Телеграм“, „Exilenova+“ и „Supernova+“, објавија дека цел на нападот бил комплексот во градот Салават. На снимките што ги споделија се гледа голем пожар во близина на индустрискиот погон. „Exilenova+“ тврди дека пожари горат на повеќе локации во рамките на комплексот.

„Киев индепендент“ не можеше независно да ја потврди локацијата на пожарот, ниту дали објектот бил директно погоден.

Комплексот се наоѓа на околу 1.750 километри источно од Киев и претставува еден од најголемите рафинериски и петрохемиски капацитети во Русија. Тој може да преработи до 10 милиони тони нафта и гасен кондензат годишно, а произведува бензин, дизел и други нафтени и хемиски производи.

Објектот и претходно бил цел на украински напади во неколку наврати. Генералштабот на украинската војска го потврди нападот на 8 октомври, кога исто така избувна голем пожар.

Ниту украинската војска, ниту регионалните власти во Башкортостан сè уште официјално не го потврдија најновиот напад.