Костадиновски: Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам

Макфакс

17/11/2026

10:50

74

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, ги повика граѓаните на посветеност и почитување на уставните вредности по повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот. Лојалноста и правната држава се ключни за иднината на татковината.

„Денеска, 17 ноември одбележуваме 35 години од донесувањето на Уставот. Денеска ве повикувам сите заедно, секој еден од нас да се обврземе на вистинска посветеност кон уставните вредности“, вели претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

„Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира.

Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината.

Изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација. Тоа е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.

Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава“, се додава во честитката од претседателот Костадиновски до сите граѓани по повод Денот на Уставот.