Се бара притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата партнерка, поднесено е обвинение

Макфакс

16/11/2026

18:20

83

Големина на фонт

а а а

Охридското обвинителство поднесе обвинение против Кристијан Корабоски за насилство врз неговата партнерка и предложи мерка притвор поради сериозноста на настанот.

Охридското обвинителство поднесе обвинение против 31- годишниот Кристијан Корабоски, поради насилство врз неговата партнерка, 26-годишната Сара во Охрид.

При вршење насилство, како што велат од Обвинителството, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и и’ ја загрозил сигурноста.

„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопшти Обвинителството.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката.