КАМ десетта година по ред е најпрефериран маркет кај потрошувачите

Точка

16/11/2026

15:58

178

Големина на фонт

а а а

КАМ ја потврди својата лидерска позиција како најпрефериран маркет кај потрошувачите десетта година по ред. Според истражувањето „Преферирани ланци на маркети според потрошувачите“ на агенцијата „Инсајдер ИД“, КАМ е прворангиран по бројот на потрошувачи кои пазарат во неговите маркети во сите десет последователни истражувања, спроведени од 2017 до 2026 година.

Резултатите за 2026 година покажуваат дека 76 отсто од испитаниците пазарат во КАМ, наспроти 68 отсто во 2017 година. Во текот на целата деценија КАМ се издвојува со стабилна потрошувачка база и континуитет на првото место. Десетгодишното лидерство добива дополнително значење во услови на промени во навиките за пазарење. Потрошувачите денес комбинираат повеќе маркети и го приспособуваат изборот на своите потреби. Во такво опкружување, КАМ успева да ја задржи водечката позиција и да го зголеми процентот на потрошувачи кои пазарат во неговите маркети.


КАМ е прворангиран и во категоријата „Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот“, како и во категоријата „Најдобра локациска покриеност“. Овие резултати ја истакнуваат важноста на два конкретни аспекта од секојдневното пазарење: вредноста што потрошувачите ја добиваат за своите пари и достапноста на маркетите. 

Покрај тоа, КАМ бележи и највисоко ниво на лојалност кај потрошувачите. Со тоа, првото место според бројот на потрошувачи кои пазарат во синџирот маркети е проследено и со водечка позиција според лојалноста. Во деценија обележана со економски промени и нови навики за пазарење, КАМ останува на врвот на нивниот избор. Десетта година по ред прво место е потврда за довербата и долгорочната позиција што КАМ ја има во секојдневието на потрошувачите.