Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, осудува насилниот настан кој се случи во Охрид и повикува на брза и ефективна реакција од институциите со цел справување со насилството и воведување промени во законот за постапување со насилниците.
Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен, напиша градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на социјалните мрежи.
„Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид. Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение“, вели Пецаков.
Според него, сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин.








