Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Макфакс

15/11/2026

12:20

183

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваја Владата и СДСМ поради нивната наводна соработка со ДУИ во контекст на влезот на Алта банка во Македонија, поставувајќи прашања за криминалните активности поврзани со Давор Мацура и сомнителниот капитал.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка Битола, кои подоцна биле продадени на Давор Мацура и Алта банка.

„Ако денес за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година, кога ДУИ го спроведувала влезот во Македонија, СДСМ шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?“, праша Манасиевски.

Тој оцени дека Филипче и СДСМ молчат за овие прашања од страв кон ДУИ.

„Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото“, рече Манасиевски.