Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Макфакс

15/11/2026

11:20

73

Големина на фонт

а а а

Во провинцијата Илам во Иран се преврте автобус со работници од нафтена компанија, при што загинаа 12 лица, а 16 се повредени. Екипи за спасување веднаш интервенираа, а повредените се пренесени во болници за медицинска помош.

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на ноќта во провинцијата Илам, во западниот дел на Иран.

Информацијата ја соопшти гувернерот на округот Абданан, Бехзад Нурмохамади, за иранската новинска агенција.

Повредените биле пренесени во болници во Илам, Дехлоран, Дезфул и Абданан, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на несреќата биле испратени 12 спасувачки екипи со вкупно 32 членови, шест амбулантни возила и уште шест возила за помош и спасување.