Во Словенија денес се одржуваат редовни локални избори. Граѓаните избираат градоначалници и членови на општинските совети, а првите податоци за одѕивот се очекуваат по пладне.
Во Словенија денес се одржуваат редовни локални избори, на кои граѓаните избираат градоначалници и членови на општинските совети во сите 212 општини.
Според словенечката Влада, во дел од општините се избираат и членови на месни, селски и градски заедници. Право на глас имаат избирачите во општината каде што имаат пријавено постојано живеалиште.

Првите податоци по пладне
Првите податоци за излезноста се очекуваат по 12 часот, врз основа на состојбата на гласачките места во 11 часот. Вториот пресек треба да биде објавен по 17 часот, според состојбата во 16 часот.
Државната изборна комисија наведува дека организацијата и утврдувањето на резултатите се во надлежност на општинските изборни комисии.
Првите делумни резултати се очекуваат по 20 часот, кога локалните комисии ќе почнат да ги внесуваат преброените гласачки ливчиња во централната апликација.
Доколку ниту еден кандидат за градоначалник не го освои потребното мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 29 ноември. Изборите за градоначалници се спроведуваат по мнозински систем, додека општинските совети се избираат по мнозински или пропорционален модел.












