Хрватска имала повеќе туристички пристигнувања во октомври, но ист број ноќевања

Точка

09/11/2026

20:30

278

Големина на фонт

а а а

Во октомври се регистрирани околу 1,2 милиони туристички пристигнувања и четири милиони ноќевања. Растот кај домашните гости го надоместил падот кај странските.

Хрватска во октомври регистрирала околу 1,2 милиони туристички пристигнувања, за 1,6 отсто повеќе од истиот месец лани. Бројот на ноќевања останал на околу четири милиони, според податоците на Хрватската туристичка заедница што ги објави ХРТ.

Домашните гости оствариле 597.400 ноќевања, за 8,5 отсто повеќе од ланскиот октомври. Странските гости, кои и понатаму се мнозинство, оствариле околу 3,4 милиони ноќевања, за 1,4 отсто помалку.

Ровињ, туристичко одредиште во Истра

Ровињ, туристичко одредиште во Истра. Фото: ХРТ

Најмногу ноќевања имале гостите од Германија, пред домашните гости и туристите од Словенија. Според ХРТ, хотелите биле најкористениот вид сместување со 1,86 милиони ноќевања.