Граѓанските организации можат да поднесат проекти до 3 декември во 15 часот. Повикот предвидува три категории на поддршка, со највисок износ од 1.537.000 денари по проект.
Во Берово во понеделникот, 9 ноември, се одржа информативна средба за јавниот повик за граѓански организации. Присутните добија појаснувања за тоа кој може да се пријави, како се подготвува проектен предлог и според кои критериуми ќе се оценува.

Информативната средба во Берово. Фото: Општина Берово
Предвидената поддршка е од 150.000 до 1.537.000 денари по проект, во зависност од категоријата. Меѓу приоритетите се локалниот развој и туризмот, културното наследство, социјалната заштита, животната средина и младинските иницијативи.
Повикот е дел од програмата ReLOaD3, која ја финансира Европската Унија, а ја спроведува УНДП. Пријавувањето е отворено до 3 декември во 15 часот. Условите, формуларите и начинот на доставување се објавени во јавниот повик на Општина Берово.








