Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Макфакс

09/11/2026

17:00

239

Големина на фонт

а а а

Утрешното време ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за утринска магла во поодделни котлини. Температурите ќе бидат до 15 степени, а во текот на неделата се очекува заладување и стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.