Македонскиот пазар на труд се соочува со длабок структурен парадокс. Додека официјална статистика бележи речиси 90.000 невработени лица во земјава, Владата континуирано ги отвора вратите за работна сила од странство поради недостиг на кадар во клучните стопански гранки.
Што покажуваат најновите бројки на статистиката?
Според најновото соопштение на Државниот завод за статистика за третото тримесечје од 2026 година, во државата има вкупно 89.593 невработени лица, со што стапката на невработеност изнесува 11,2 отсто. Иако бројот на невработени бележи благ пад од 0,5 проценти на квартално и 2,4 проценти на годишно ниво, вкупниот број на вработени изнесува 708.182 лица (стапка на вработеност од 46,5 проценти).
Дополнително, загрижува фактот што 103.177 лица работат неформално (на црно), што претставува квартален пораст од 2,1 отсто, пред сè поради сезонските ангажмани во земјоделството (56,4 %) и градежништвото (16 %).

Квотата за странци годинава скокна на 13.000, се чека одлуката за 2027 година
И покрај десетиците илјади граѓани без формално вработување, домашните компании се жалат дека нема кој да работи. Како одговор на притисокот од бизнис-секторот, Владата на почетокот на 2026 година утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци, но на крајот на септември, три месеци пред истекот на годината, донесе измена со која годишната квота ја зголеми на 13.000 странски работници.
Според Законот за вработување и работа на странци, законскиот максимум на квотата може да достигне до 5 отсто од вкупно вработеното население во државата (што би значело над 35.000 работници).
Целосниот текст прочитајте го ТУКА.







