Почина новинарот Мојсо Мојсовски - работниот век го помина во Македонското радио

A1ON.MK

29/11/2026

14:00

327

Големина на фонт

а а а

На 78-годишна возраст почина Мојсо Мојсовски, новинар и уредник кој најголемиот дел од работниот век го помина во Македонското радио.

Роден е на 8 септември 1948 година во Скопје. Беше уредник на дескот и ангажманот како уредник и водител на Пладневниот радиовесник, една од познатите информативни емисии во радиото.  Професионалниот пат го однесе и во македонската редакција на „Дојче веле“, каде што исто така го вложи своето новинарско знаење и искуство.

Колегите ќе го паметат како искусен ментор, кој на помладите генерации им ги пренесуваше професионалните вредности, одговорноста и посветеноста на новинарската работа.


На Скопје му посвети неколку изданија на својата книга, во кои преку спомени и лични записи ги зачувуваше приказните за неговите улици, некогашниот изглед и градскиот дух, долги години беше активен и во Одборот на скопските бадникари.

Мојсовски ќе биде погребан во Скопје на 1 декември од 11 часот.