„Роденденската џунгломанија“ донесе два дена забава и семејни моменти во East Gate Mall

Точка

09/11/2026

14:41

297

Големина на фонт

а а а

East Gate Mall го одбележа својот петти роденден со успешен роденденски викенд и „Роденденска џунгломанија“, која на 7 и 8 ноември донесе многу забава, насмевки и позитивна енергија за посетителите од сите генерации.

Во текот на двата дена, најмладите особено уживаа во богатата програма исполнета со авантури и изненадувања. Едукативните средби со рептили со Војо, Jungle Adventure и потрагата по богатство со Дарко Биберко, face painting, детските работилници, изработката на балони и Jungle парадата создадоа вистинска роденденска џунгла во срцето на трговскиот центар. 

Музичката атмосфера дополнително ја збогати DJ Bono, претворајќи го роденденскиот викенд во прослава за целото семејство. А бидејќи роденденот не е целосен без подарок, посетителите кои на 7 или 8 ноември направија сметка над 1.000 денари добија можност да учествуваат во роденденската наградна игра за семејна авантура во Берлин, која вклучува и посета на една од најголемите зоолошки градини во Европа. 


Посебната роденденска програма уште еднаш ја потврди идејата дека посетата на East Gate Mall е многу повеќе од шопинг. East Gate Mall континуирано ги унапредува своите содржини и понуда, со цел на посетителите да им овозможи целосно искуство и секое доаѓање да го направи поинтересно и поинакво. 

Покрај разновидните можности за шопинг и гастрономија, посебно внимание се посветува на забавните и семејните содржини, создавајќи простор за дружење, забава и заеднички моменти. Токму ваквите настани се дел од заложбата секоја посета да донесе нешто ново и да се претвори во пријатно и исполнето искуство за целото семејство.

Петтиот роденден помина во знакот на џунглата, детската радост и добрата атмосфера, а East Gate Mall продолжува со истата мисија: да создава место каде шопингот се спојува со забавата, дружењето и искуствата што посетителите сакаат да ги повторуваат.