Во Кичево е извршен претрес во домот на 45-годишен маж каде беше пронајдена дрога, а лицето е уапсено и ќе му биде поднесена пријава.
Вчера во 13:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 45-годишниот П.Ј. од Кичево, извести МВР.
Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, со судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава.








