Триесетгодишен жител на Тетово бил приведен по пријава за семејно насилство од неговата 25-годишна вонбрачна сопруга, која тврди дека подолг период била изложена на физичко и психичко малтретирање.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената пријавила дека на 28 ноември, околу 14 часот, била физички нападната од партнерот додека се возеле во автомобил. Во пријавата навела и дека во изминатиот период тој физички и психички ја малтретирал, како и дека ѝ ја ограничувал слободата на движење.
Полициските службеници го пронашле и го лишиле од слобода 30-годишникот во Клиничкиот центар во Тетово, по што бил задржан во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







