На фестивалот на источното црковно пеење настапија хорови и изведувачи од Македонија, Романија, Србија и Грција.
Во Струмица се одржа Фестивалот на источното црковно пеење „Андон Шапхаски“, соопшти Општината на 6 ноември. Публиката слушна хорови и изведувачи на византиско црковно пеење од Македонија, Романија, Србија и Грција.

Настап на фестивалот на источното црковно пеење во Струмица. Фото: Општина Струмица
Фестивалот го организираа Центарот за култура „Антон Панов“ и Струмичката православна епархија, со поддршка од Општина Струмица. На настанот присуствуваа архиепископот г.г. Стефан, владиката Јаков и градоначалникот Петар Јанков.
Извори Општина Струмица
Од фестивалот „Андон Шапхаски“ во Струмица. Фото: Општина Струмица








