Денеска делови од општините Гази Баба, Илинден и Кисела Вода ќе останат без електрична енергија во повеќе временски интервали. Прекините се поради планирани работи на мрежата и ќе влијаат на одредени населби и улици.
Делови од Гази Баба, Илинден и Кисела Вода денеска без струја
Делови од општините Гази Баба, Илинден и Кисела Вода денеска (6 ноември) ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Според најавата, прекините ќе бидат во следните термини:
– во периодот од 04.30 до 05.30 часот, корисниците од населбите Маџари, Синѓелиќ, Трубарево, Јурумлери, Арачиново, Стајковци, Камник, Хиподром и објектите во индустриската зона Маџари. (општина Гази Баба)
-во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од корисниците од улиците Лазар Поп Трајков и 16 – та Македонска Бригада. (општина Гази Баба)
-во периодот од 08.55 до 12.55 часот, дел од корисниците од ул. Мршевци во село Мршевци. (општина Илинден)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Христо Татарчев – крак 24. (општина Кисела Вода)
-во периодот од 09.15 до 13.15 часот, корисниците од село Брњарци, како и објектите на ЗИК Краварство, Давос, АРС Комерц и Еуролес. (општина Гази Баба)
– во периодот од 12.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улиците Габреш, Лазар Поп Трајков и Ташко Караџа. (општина Гази Баба)








