Познатиот американски комичар за пропаднатиот брак: „Не бев добар сопруг, гледав премногу порно филмови“

Точка

04/11/2026

12:36

451

Големина на фонт

а а а

Американскиот комичар и актер Крис Рок проговорил за пропаднатиот брак со Малаак Комптон-Рок и признал дека не бил добар сопруг. Во новото интервју зборувал за своето однесување, кое меѓу другото, придонело за нарушување на нивниот однос, вклучувајќи го гледањето на порнографски содржини и неверство.

Рок (61), кој се најде меѓу личностите на годината на магазинот „GQ“ за 2026 година, по премиерата на филмот „Misty Green“, во интервјуто објавено на 3 ноември зборувал за причините поради кои завршил неговиот речиси дваесетгодишен брак.

„Не бев добар сопруг. Гледав многу порно филмови. Сега веќе не гледам. Немам гледано порнографија пет или шест години“, признал тој.

Сепак, ѕвездата на серијата „Everybody Hates Chris“ истакнал дека тоа не било единственото нешто што го нарушило нивниот однос. Имено претходно признал и дека за време на бракот бил неверен.


„Тоа не е нешто со кое се гордеам, но тоа е нешто низ кое морав да поминам“, рекол актерот зборувајќи за своите поранешни постапки.

Своето однесување го споредил со ликовите од филмовите на „Марвел“, кои дури откако ќе добијат посебни моќи се обидуваат да ги откријат нивните граници.

„Тоа е како кога гледате филм на „Марвел“ и главниот јунак мора да ги испроба своите моќи. Во секој филм на „Марвел“, без разлика дали станува збор за маж или жена, ликовите мора да ги тестираат своите способности. Стануваат арогантни, добиваат моќи и почнуваат да прават секакви работи. Се обидуваат да запрат возови, да креваат бродови, па дури и да стигнат до Сонцето. Потоа доживуваат неуспех бидејќи сфаќаат дека не се Бог. Дури тогаш почнуваат да им помагаат на луѓето“, објаснил комичарот.


Додал дека и самиот поминал низ слично искуство.

„Ги испробав своите граници. Дефинитивно сфатив дека не сум Бог ниту сум блиску до тоа и дека морав да поминам низ големо отрезнување, токму како што требаше“, истакнал Рок.

Бракот го завршија по речиси две децении

Рок и Комптон-Рок биле во брак 18 години, а се разделиле во 2014 година. Разводот официјално бил завршен во 2016 година.

„По многу размислување и 19 години брак, Крис и јас одлучивме да продолжиме по различни патишта“, изјавила Комптон-Рок во соопштението по повод нивната разделба.


Таа додала и дека и покрај големата животна промена, благосостојбата на нивните деца останала нејзин најголем приоритет, па побарала од јавноста да ја почитува приватноста на семејството во тој период.

Поранешните сопружници имаат две ќерки, Захра Савана (22) и Лола Сајмон (24).

Извор близок до поранешниот пар изјавил за магазинот „Пипл“ дека разводот можел да се очекува веќе подолго време.

„Крис веќе подолго време знаеше дека нивниот однос не може да се спаси. Тој поднесе барање за развод бидејќи знаеше дека е време конечно да продолжи понатаму“, навел изворот.


По разводот, Рок ветил дека приватниот однос со поранешната сопруга нема да го користи како тема во своите настапи.

„Тоа не е фер. Јас имам микрофон, а таа го нема. Не би било во ред луѓето да ја вознемируваат во супермаркет. Тоа не е во ред. Ќе морам да ја гледам на свадби и на прослави по повод дипломирањето“, изјавил тој во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“ во 2017 година.

Неколку години подоцна, поранешните сопружници повторно се појавиле заедно во јавноста. Во мај 2026 година биле фотографирани на церемонијата по повод дипломирањето на нивната ќерка Захра на Универзитетот на Јужна Калифорнија (УСЦ).