Џеф Безос е фотографиран со сопругата Лорен Санчез Безос во опуштено издание, а она што на сите им го привлече вниманието е неговата нова фризура.
Џеф Безос со години беше препознатлив по целосно избричената глава, но новите фотографии што се појавија на Инстаграм ги изненадија неговите следбеници и отворија дебата за тоа дали милијардерот со проретчена коса се одлучил за популарната процедура за трансплантација на коса или, пак, станува збор за уште една „местенка“ направена со вештачка интелигенција.
Еден од најбогатите луѓе во светот со години има проретчена коса, но фотографиите објавени на профилот на Enclipted на Инстаграм поттикнаа гласини. На нив, имено, е прикажан Џеф Безос со својата сопруга Лорен Санчез Безос во опуштено издание, а она што на сите им го привлече вниманието е неговата нова фризура.
„Џеф Безос штотуку беше ‘фатен’ во Турција, откако бил на трансплантација на коса. Што мислите?“, пишува Enclipted во објавата што предизвика бројни реакции.

„Зошто еден милијардер би го правел ова во Турција?“, „Тој сигурно не би го направил тоа во Турција“, гласат дел од коментарите на следбениците. Додека едни тврдат дека станува збор за лажна објава, други објаснуваат дека е сосема можно објавата да е вистинита, со оглед на тоа што Турција важи за една од најдобрите земји за изведување вакви процедури.
„Ова мора да е вештачка интелигенција! Зарем сега уште треба да слушнеме дека отишол во Турција на трансплантација на коса за да заштеди некој цент?!“, коментирал еден следбеник.

Инаку, трансплантацијата на коса е естетска хируршка процедура при која фоликулите на влакната се преместуваат на делови од главата погодени од проретчување или губење на косата. Според моментално достапните информации, не е потврдено дали Безос некогаш бил подложен на таква процедура. Експертите кои со години го коментираат изгледот на Безос засега не изнеле никакви докази дека сопственикот на „Amazon“ и основачот на воздухопловно-вселенската компанија „Blue Origin“ навистина ја извршил оваа процедура.










