Утре без струја делови од Гази Баба, Сарај и Кисела Вода, прекин на водоснабдувањето во Центар

Макфакс

03/11/2026

22:15

321

Големина на фонт

а а а

Електрична енергија ќе биде престаната во делови од општините Гази Баба, Сарај и Кисела Вода поради планирани интервенции, а во Центар ќе има прекин на водоснабдувањето поради уличен дефект.

ЕВН Македонија извести дека за ден 04.11.2026 година (среда) без електрична енергија ќе останат следните корисници:

· Поради интервенција во ТС Маџари 19 од 08.30-14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите ул Никола Киров-Мајски и ул. Благоја Стефковски во Маџари (Општина Гази Баба);

· Поради интервенција во ЕЕ мрежа од 09.00-10.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите позади Џамијата, ул. 1, 3 и 5 во с. Сарај (Општина Сарај);

· Поради планирана работа од 09.00-12.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите од ул. Саса2 (Општина Кисела Вода);

· Планиран прекин во период од 10,00ч до 13,00ч на ул Коста Новаковиќ (од Зур маркет 5 до крајот на улицата кај салата на Јаховини сведоци).

Најава од ЈП Водовод и канализација за ден 04.10.2026 (Среда) година за прекин на водоснабдувањето:

· Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Борка Талевски / Апостол Гусларот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Борка Талевски (потегот од Ленинова до Рајко Жинзифов, вклучително и ООУ Јохан Хајнрих Песталоци). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување. (Општина Центар)