Клиника Жан Митрев во ноември нуди промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи и лабораториски услуги за мажи, со цел да се зголеми свеста за важноста на редовни здравствени контроли и грижа за машкото здравје.
Клиника Жан Митрев во текот на ноември овозможува промотивни цени за превентивни и специјалистички прегледи, дијагностички услуги и лабораториски испитувања за мажите. Иницијативата, по повод месецот посветен на машкото здравје, има цел да ги поттикне мажите да посветат повеќе внимание на сопственото здравје и да не ги одложуваат редовните контроли.
Промотивната понуда опфаќа прегледи и услуги од областа на урологијата, кардиологијата, неврологијата, неврохирургијата, нефрологијата, пулмологијата, оториноларингологијата, дерматологијата и пластичната хирургија. По промотивни цени се достапни и дијагностика на простатата, испитувања за остеопороза, дигитална дермоскопија на целото тело, тестирања за сексуално преносливи микроорганизми, како и одредени генетски и лабораториски анализи.
Секојдневните обврски и уверувањето дека отсуството на тегоби значи добро здравје често се причина посетата на лекар да се остави за подоцна. Превентивните контроли се можност навреме да се проценат здравствената состојба и индивидуалните ризици, а изборот на прегледи и дополнителни испитувања да се направи во консултација со лекар, според возраста, семејната историја и потребите на пациентот.
Од Клиника Жан Митрев ја нагласуваат важноста на редовните здравствени контроли и навремената консултација со специјалист. Со ноемвриските промотивни цени, клиниката настојува да го олесни пристапот до прегледи и да поттикне поодговорен однос кон машкото здравје во секоја животна возраст.
Промотивните цени важат во текот на ноември. Деталите за сите опфатени услуги се достапни на веб-страницата на Клиника Жан Митрев, а информации и закажување преглед може да се добијат на 02 3091 484.












