ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто

Макфакс

01/11/2026

19:30

601

Големина на фонт

а а а

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека одѕивот на гласачите до 18:30 часот на изборите за градоначалник во Брвеница е 52,90 отсто односно дека гласаче 8.595 избирачи.

–  Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52,90 %. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8,33 % – соопштија од ДИК.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18:30 часот се пристигнати три приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Гласачките места во Брвеница се затворени во 19 часот. Се гласаше за кандидатот Стојанче Радичевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од Аркин Јахији од ДУИ.

Се очекува по 20 часот ДИК да ги соопшти првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.